Македонската фудбалска репрезентација напредуваше за едно место на најновата ранг-листа на ФИФА и сега се наоѓа на 65. позиција со 1362 поени Македонија во ноември одигра два квалификациски натпревари од групата Ц за ЕП-2024 и притоа беше поразена од Италија со 2:5 и ремизираше со Англија (1:1).
На ранкингот кој беше објавен денес лидер остана Аргентина пред Франција, а на третото место се проби Англија. Четвртопласирана е Белгија, а на петтата позиција заврши Бразил кој падна за две места подолу во однос на минатомесечнот сумирање на резултатите. Во топ 10 се најдоа уште: Холандија, Португалија, Шпанија, Италија и Хрватска.