Макс Верстапен ја освои својата трета последователна титула во Формула 1 шампионатот во болидот на Ред Бул.
Холанѓанецот доминираше со 19 победи во 22 трки.
Покрај неговите возачки квалитети, Макс покажа и дека најдобро се грижи за својот автомобил.
Формула 1 објави податоци за тоа кој имал најмалку штета оваа година, а Макс е дефинитивно прв во таа категорија.
За поправка на неговиот автомобил Ред Бул издвои само 340.000 долари.
На второ место во оваа категорија е Џорџ Расел од Мерцедес со 670.000, а трет е Валтери Ботас од Алфа Ромео со 700.000 долари.
Најмногу пари потрошиле на поправки на автомобилот на Вилијамс од Логан Сарџент.
Американецот, кој дебитираше во Формула 1 оваа сезона, го оштети буџетот на тимот за 4.330.000 долари.
Ферари издвои 3.640.000 долари за поправка на болидот на Карлос Саинц, додека колегата на Верстапен, Серхио Перез е на третото место со 3.220.000 долари.
Новата сезона во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 2 март 2024 година.