Фудбалскиот клуб Барселона е подготвен на крајот на сезоната да го откупи договорот на португалскиот репрезентативец Жоао Кансело од Манчестер Сити, пренесуваат шпанските медиуми.
Кансело (29) пристигна во Барселона на позајмица до крајот на сезоната во летниот преоден рок.
Каталонскиот клуб планира да го откупи договорот на португалскиот фудбалер во јуни следната година, а се очекува Манчестер Сити да побара отштета од 25 милиони евра.
„Мундо депортиво“ пренесува дека Кансело ги оправда очекувањата на тренерот на Барселона, Чави Ернандез.
Португалскиот фудбалер беше оценет како еден од најподготвените играчи на каталонскиот клуб и дека одлично се вклопил во системот на игра на Чави Ернандез. Кансело оваа сезона одигра 16 натпревари за Барселона и постигна три гола.