„Моделот што го имаме ние со ИПАРД агенцијата или со агенцијата за Еразмус, по мене е успешен модел и можеби треба да се размисли за правење една ИПА агенција или, пак, мини тимови во секое министерство кој што веќе ги имаме но би добиле еден поинаков статус кои што можеби ќе бидат вработени во една централна ИПА агенција а ќе работат секојдневно во институциите каде што се водат проектите”, рече заменик претседателот Бојан Маричиќ за 360степени.
Вицепремиерот Маричиќ додаде дека клучните насоки за решавање што Владата ги увидела се пред сѐ пополнување на испразнетите места односно 20% испразнети места во ИПА структурата.
Понатаму посочи дека е потребно унапредување на оние кои што се 5 години, најмалку 5 години во структурите и не биле унапредени, веднаш да бидат унапредени тоа е втората мерка и препорака.
Додека третата препорака е задржување на концептот и унапредување на концептот на постојани обуки за надградување на кадрите од ИПА структурата и тоа тука дома во Северна Македонија и во странство заклучи Маричиќ.