Од утре, први декември, се враќа дневната евтина тарифа на електричната енергија за домаќинствата.
Покрај редовниот термин од 22 до 07 часот, од утре најголем број од домаќинствата ќе имаат евтина струја секој ден од понеделеник до сабота од 13 до 15 часот.
Целиот ден недела и понатаму останува во евтина тарифа.
Од ЕВН се уште ги немаат сетирано сите броила, но секој може сам да провери дали од 13 до 15 часот е во евтина тарифа.
Се што треба да направи е да го погледне броилото и ако во конкретниот термин на дисплејот пишува Т2, тогаш значи дека вашето броило е едно од над 170.000 сетирани броила.
Од Регулаторната комисија за енергетика уверуваат дека до крајот на декември сите броила ќе бидат наместени за новата дневна евтина тарифа на електрична енергија.