Утрото во Србија беше одбележано со серија тешки сообраќајни несреќи, во кои неколку лица беа повредени, а главната причина за повеќето од овие судири беше мразот. Особено критично беше во Белград поради поголемиот обем на сообраќај, каде што на повеќе места имаше верижни судири.
Најпрвин се случи несреќа на обиколницата околу Белград, недалеку од Остружница, кога избувна огромен пожар на камион со кој се превезуваа автомобили. Пожарот ја зафатил приколката, причинета е голема материјална штета, а не се знае дали има повредени.
Уште во мугрите имаше дури два верижни судира на новиот мост над Ада. Во првата сообраќајна несреќа учествувале три возила, а во втората автобус и два автомобила. Во оваа сообраќајна незгода се повредени дури четири лица.
Еден од автомобилите по судирот завршил на покривот.
Уште една сообраќајна несреќа се случила околу седум часот на мостот „Душановац“. Автобус бил удрен од автомобил одзади. Нема повредени. Автобусот се излизгал поради мразот на коловозот и потоа двете возила дошле во контакт.