Во пожар во хостел во Казахстан загинаа 13 лица

Тринаесет лица загинаа синоќа во пожар во хостел во најголемиот град во Казахстан, Алмати, соопшти градскиот оддел за итни случаи.

Пожарот избувнал во трикатница во која на приземје и подрум престојувале 72 гости во хостелот.

Жртвите починале од труење со јаглерод моноксид, додека останатите 59 лица успеале да ја напуштат зградата. Според градоначалникот на Алмати, три лица се хоспитализирани.

Причината за пожарот засега е нејасна. 

Треба да знаете
Последни објави