Првиот гол на Зијеш за Галатасарај е нерегуларен !

Галатасарај и Манчестер јунајтед одиграа возбудлив и неизвесен натпревар во 5. коло од групната фаза во фудбалската Лига на шампионите кој на крајот заврши 3:3. Од ремито задоволен е турскиот претставник Галатасарај, кој во последното коло од А групата самиот ќе одлучува за продолжениот престој на евро-сцената. Англискиот премиерлигаш на двапати водесше со по два гола предност и на крајот мораше да се задоволи со реми во Истанбул. Манчестер јунајтед е последнопласиран во групата со 4 бода, преднего со по пет се Копенхаген и Галатасарај, а првопласиран и сигурен патник во осминафиналето е германски Баерн Минхен.

Во последното коло Манчестер јунајтед го пречекува Баерн Минхен, а Копенхаген е домаќин на Галатасарај. 

Најзаслужен за ремито на Галатасарај е Хаким Зијеш, кој постигна два гола и беше асистент. Сепак, според фудбалските правила, првиот погодок на Мароканецот беше нерегуларен. Имено, судијата Санчез требаше да го запре изведувањето на слободниот удар по кој беше постигнат гол.

Станува збор за правило кое ретко кој во фудбалскиот свет го знае, а лесно доаѓа до превид кое вели: „Кога се изведува слободен удар, ако играч на напаѓачкиот тим оддалечен помалку од еден метар од живиот ѕид во кој има три или повеќе одбранбени играчи, се суди индиректен удар“. 

Судијата Хозе Санчез, неговите помошници и ВАР собата не го забележаа тоа, а според информациите и мерењеата, Мауро Икарди бил оддалечен „само“ 61 сантиметар од Расмус Хојлунд (последниот играч во ѕидот). 

 

Треба да знаете
Последни објави