Министерството за надворешни работи на Русија изрази благодарност до Хамас по вчерашното ослободување на двајцата киднапирани руски државјани, кои беа држени во Газа. Властите велат дека заложниците не биле ослободени како дел од размената меѓу Израел и Хамас, туку како резултат на договор меѓу Русија и милитантната група.
„Нашите сонародници беа ослободени на 29 ноември во согласност со договорот што го постигнавме со движењето Хамас. Ние сме му благодарни на раководството на Хамас за нивната позитивна реакција на нашите упорни барања. Ќе продолжиме да бараме ослободување на другите Руси што се притворени во Појасот Газа што е можно побргу“, соопшти Министерството.