Сијрото: Украина нема да стане членка на НАТО во 2024 година

Земјите од НАТО се договорија Украина да не стане членка на Алијансата следната година, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, по дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Северноатлантската алијанса во Брисел.

– Сојузниците јасно ставија до знаење дека во сегашните околности не доаѓа предвид Украина да стане членка на НАТО. Затоа, денес на сите им стана очигледно дека Украина нема да биде поканета во НАТО ниту до следниот самит, ниту на следниот самит, и покрај тоа што НАТО ќе ја прослави својата 75-годишнина на следниот самит, кој ќе се одржи во Вашингтон, изјави Сијарто по средбата во Брисел, пренесува ТАСС.

Треба да знаете
Последни објави