(Видео) Спасовски: Заврши времето кога „Бате Саше“ имаше пристап до секој мејл во државата

Во одговор на пратенички прашања на денешната собраниска седница, министерот како лага и шпекулација ги карактеризираше нападите од ВМРО-ДПМНЕ за набавка на систем кој може да ја следи целокупната комуникација од чиј било телефон.

„Следењето за сите беше до 2017 година, кога следевте 20.000 луѓе и кога 1 милион и кусур разговори завршија во јавноста. Следењето во овој момент е само врз основа на судски наредби и ништо повеќе. Така да, оние коишто има индиции дека учествуваат во кривични дела и за нив се добива судска наредба, се следи. Ова е заради јавноста, да не ги плашите луѓето“ рече Спасовски.

Во својот одговор, Спасовски се наврати и на периодот од масовното нелегално следење на комуникациите.

„Помина времето во коешто сите викавме не смееме да разговараме заради тоа што се следи или кога го прашуваа бате Саше на снимките „На кој мејл да пратам? Вратете на било кој” заклучи Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави