Претседателот на државата Стево Пендаровски од 29ти ноември е во посета на Обединетите Арапски Емирати каде присуствува на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28.
На видеото што ексклузивно го објавуваме од неговите разговори со Дејвид Камерон и Наренда Мори, се гледа како претседателот Пендаровски во опуштено издание, со неговиот добропрепознатлив, непосреден стил отвора простор за соработки и лобирања со сегашни и поранешни светски лидери.
Срдечноста и внимателноста со која тој им пристапува на соговорниците од светските сили, несомнено ја претставува нашата држава во вистинско светло.
Инаку на маргините од Конференцијата што се одржува во Дубаи, претседателотПендаровски оствари кратки средби со светски познати државници како британскиот крал Чарлс Трети, кралот на Јордан Абдула Втори, а потоа и со претседателот на Бразил Луис Инасио Лула да Силва, со премиерот на Кралството Шпанија Педро Санчез Перез-Кастехон, со премиерот на Индија Нарендра Моди, со премиерот на Република Албанија, Еди Рама, со претседателката на Република Словенија Наташа Пирц Мусар и претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова, со претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, со претседателот на Кипар Никос Христодулидис, со британскиот министер за надворешни работи и поранешен премиер Дејвид Камерон, со поранешниот британски премиер, Тони Блер и со претседателот на ФИФА Џани Инфатино.