Израел објави нова карта на Газа: Ќе им служи на цивилите за следната фаза од војната

Израелската војска направи мапа на Газа која е поделена на стотици зони. Се наведува дека мапата ќе се користи за да помогне во евакуацијата.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија нова мапа, со области означени со различни бројки и објаснија како ќе им помогне на цивилите да се подготват за следната фаза од војната, пишува Би-би-си.

ИДФ вели дека мапата е поделена на препознатливи области за да им овозможи на луѓето да се евакуираат од одредени места заради нивна безбедност.

Израел го обвинува Хамас за кршење на примирјето, а Хамас ја префрла одговорноста на Западот.

Повеќедневното примирје меѓу Израел и Хамас заврши денеска. Израел го обвини Хамас за кршење на примирјето, велејќи дека не се придржува до договорот, додека милитантната организација ја префрли одговорноста на Западот. Владината канцеларија за медиуми во Газа, која е под контрола на Хамас, ги обвини САД и меѓународната заедница за продолжувањето на борбите во Газа, пишува Си-eн-eн.

Министерството објави дека САД и меѓународната заедница „носат одговорност за злосторствата на израелската окупација и продолжувањето на бруталната војна против цивилите, децата и жените во Појасот Газа“. Во соопштението се додава дека Палестинците имаат право да се бранат со сите средства и да основаат палестинска држава со главен град Ерусалим.

Треба да знаете
Последни објави