Договорени се сите детали за враќањето на тренерот Антонио Конте на клупата кај трофејниот италјански фудбалски калчолигаш Јувентус. Поранешниот капитен и тренер на Јувентус, во клубот се враќа по завршувањето на тековната сезона, пренесе радио станицата „Радио радио“, од Рим.
Конте е без ангажман. Неговиот последен клуб кој го предводеше беше англискиот премиерлигаш Тотенхем, касде доби отказ во март откако го критикуваше сопственикот на клубот Даниел Леви.
Во својата прва сезона, Конте ја освои шампионската титула со Јувентус во 2012 година. Во Купот го загуби финалето од Наполи (0:2). Во август 2012 година, Конте беше осуден на десетмесечна забрана за соучество во коцкање, која подоцна беше намалена на четири месеци. Потоа ја водеше Сиена во втората лига.
Во декември 2012 година се врати на тренерската клупа на Јувентус, а во 2013 година успеа да го одбрани Скудетото. Во својата последна сезона, Конте го предводеше клубот до трета последователна титула. Неговиот договор беше спогодбено раскинат пред почетокот на сеозната 2014/15.
Актуелниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри, има договор со „старата дама“ до летото 2025 година.