Поранешниот светски тениски рекет број 1, Шпанецот Рафаел Надал објави дека се враќа на терените по скоро едногодишна пауза поради повреда. Надал ќе се врати на турнирот во Бризбејн, кој служи како загревање за првиот сезонски гренд-слем Австралија Опен. Освојувачот на 22 гренд-слем титули не играл официјален меч откако на почетокот од годинава се откажа во второто коло на Австралија Опен поради проблеми со колкот.
-По една година надвор од терените, време е да се вратам. Ќе биде во Бризбејн, првата недела во јануари. Се гледаме таму, порачува помеѓу другото Надал во видео објавено на социјалните мрежи.
Надал претходно посочи дека има желба уште еднаш да настапи на неговиот омилен гренд-слем, „Ролан Гарос“ каде дебитираше во 2005, кога ја освои првата од рекордните 14 титули. Покрај „Ролан Гароас“ кој се игра на земјена подлога, а таму тој е „крал“, Надал има желба да ја претставува Шпанија и на Олимписките игри во Париз.