Снегот го блокираше аеродромот во Минхен: Откажани над 150 летови

Работата на аеродромот во Минхен е под влијание на снежните врнежи и ниските температури. Досега се откажани се 160 од вкупно 831 планирани полетувања и слетувања. Ова не е поврзано само со снегот на овој аеродром туку и со временските услови на другите аеродроми, објасни портпаролот на аеродромот за германските медиуми.

Покрај откажувања на летови, има и доцнења бидејќи пистите наизменично се расчистуваат или машините се одмрзнуваат. Авионот се одмрзнува со помош на таканаречените „поларни мечки“, специјалните возила кои користат прскалки за прскање со средство за одмрзнување на авионот.

Зимската служба се грижи за пистите, такси патеките и паркиралиштата за авиони со дувалки, фрези, гризери и друга опрема и повеќе од 200 вработени по смена. Тоа е област со големина од 780 фудбалски игралишта. Расчистувањето на писта трае околу половина час.

На патниците им се препорачува да го проверат статусот на летот пред да патуваат на аеродромот.

Треба да знаете
Последни објави