Спасовски: 2017-2023 за недозволена трговија со дрога казнети 5.441 сторител, запленета дрога од 426 милиони евра, уништени над 12 тони

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на своите профили на социјалните мрежи, изнесе податоци од борбата против трговијата со дрога.

Според министерот, полицијата и државата ги имаат најдобрите резултати во последните 30 години.

„Од 2017 па сѐ до 2023, крајот на август, откриени се вкупно 4.702 кривични дела со вкупно 5.441 санкционирани сторители, најчесто по член 215 и 216 од Кривичниот законик.

Вкупно запленети наркотични средства во вредност од 426 милиони евра – ако ги погледнете билтените и извештаите на МВР евидентно е дека скоро и да нема ден во којшто не е објавено дека улични дилери, продавачи на наркотични дроги биле уапсени при претреси на територијата на целата држава.

Низа заеднички операции со државите во регионот и заедничките истраги на државите при разбивање на организираните криминални групи, како што беа акциите во Албанија и Грција кои дејствуваат во областа на недозволена трговија со дрога, при што се запленети 429 килограми кокаин.

На крај, со големо задоволство можам да кажам дека во периодот 2017-2023 имавме три уништувања на запленета дрога – над 12 тони разновидна дрога“ објави Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави