Член на Политичкото биро на Хамас објави соопштение во кое се вели дека администрацијата на Бајден дала „зелено светло на оваа ционистичка агресија и војна за геноцид и етничко чистење“, објави НБЦ њуз.
Во соопштението понатаму се тврди дека САД „безобразно ги повторуваат ционистичките лаги“ дека Хамас е одговорен за непродолжување на примирјето.
Членот на Хамас потоа ги нарече претседателот Џо Бајден и државниот секретар Антони Блинкен „воени злосторници“ кои „дејствуваат како гласноговорници на мрачниот ционистички пропаганден апарат“.
По оваа изјава, Исламскиот џихад објави дека лансирал ракети кон Ерусалим.