Албанскиот министер за внатрешни работи, Таулант Бала, се обрати по меѓународната операција EMPACT JAD 2023, спроведена од 13 и 18 ноември, која истовремено се одвиваше во 26 европски земји, со поддршка на Европол, Интерпол, Еуројуст, Фронтекс, Европската агенција за гранична стража и други меѓународни агенциите за спроведување на законот.
Операцијата беше насочена кон мрежи за шверц со огнено оружје, наркотици и имигранти, како и разбивање на високоризични криминални мрежи.
-Во акцијата на територијата на нашата земја, која беше координирана од Дирекцијата на Европол, учествува 315 полициски службеници, контролирани беа 2648 субјекти, 1525 лица, 987 возила, 40 поштенски пакети и 92 простории. Уапсени се 28 лица, запленети се поголема количина огнено оружје и муниција, 81 килограм канабис и многу дози кокаин, наведува Бала во видео објава на Фејсбук.
Додава дека во 26 европски земји при оваа акција биле уапсени 566 лица (218 за трговија со луѓе, 186 за трговија со дрога, 69 за трговија со оружје, 89 за други кривични дела), запленети се 310 парчиња огнено оружје, воена муниција и околу 1 тон дрога (626 килограми кокаин, речиси 300 килограми канабис, хероин и други наркотици).