Во Србија поведена е постапка против ТВ „Пинк“ поради експлицитна снимка во утринската програма

Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) на Србија, на итна седница одржана денеска, поведе постапка против ТВ Пинк, поради основана претпоставка дека има повреда на Законот за електронски медиуми, во врска со прикажувањето на сексуално експлицитно видео во програмата „Ново јутро“, пренесува Данас.рс

Како што се наведува во соопштението на РЕМ, спорната содржина е емитувана на 01.12.2023 година во периодот од 5:30 до 11 часот.

„Имено, содржината на емисијата е јасно од политички предизборен карактер (и означена како таква). Од друга страна, сексуалниот чин е целосно приватен настан кој не може да се поврзе со природата на информациите поврзани со политичкиот живот, што по дефиниција е јавно прашање, па се работи за непочитување на член 13 став 1. , точка од Правилникот за заштита на човековите права во областа на давање медиумски услуги“, соопшти РЕМ.

Во соопштението посочуваат дека, со оглед на тоа што објавените медиумски содржини се од високо личен карактер, не се усогласени и со Правилникот за заштита на човековите права од областа на медиумските услуги.

Треба да знаете
Последни објави