Доцна вечерва на локалниот пат Тетово – с. Непроштено патничко моторно возило удрило во млада мечка која го минувала патот заедно со една значително поголема мечка и уште две помали мечки.
Во возилото кое удрило во мечката се наоѓало локално семејство, татко, мајка и три мали деца. Од ударот сите биле под голем стрес а децата се здобиле со лесни повреди.
Мечката во која удрило возилото била повредена, на почетокот безмалку неподвижна а потоа со ограничени движења. Околу еден час подоцна почнала да се движи и постепено се оддалечила од местото на несреќата.
Веднаш откако на бројот 112 добивме пријава за сообраќајна несреќа во која е повредена мечка, ЦУК испрати известување до сите потенцијално надлежни институции, МВР, Државен инспекторат за шумарство и ловство , Министерство за животна средина и просторно планирање, Министетство за земјоделство, шумарство и водостопанство , Факултет за ветеринарна медицина при УКИМ, Ветеринарен институт, Агенција за храна и ветеринарство, Зоолошка градина Скопје , Националниот парк Шар Планина и Македонско еколошко друштво. Екипи на МВР извршија увид и го обезбедија местото на несреќата.
Во овој момент големата мечка, најверојатно мајка на мечињата, со двете помали мечиња се наоѓа од десната страна на патот гледано од насока на Тетово кон с. Непроштено, додека повредената млада мечка се наоѓа од другата страна на патот. Се работи за урбана средина со повеќе куќи и голема раздвиженост на возила и луѓе поради што ги повикуваме надлежните институции да ги презедат сите неопходни дејствија со кои ќе се гарантира безбедноста на граѓаните но воедно го повикуваме и невладините организации од оваа област да се вклучат во овој несекојдневен настан и да предложат мерки и постапки со кои ќе им се помогне на повредената млада мечка како и на големата мечка со двете останати млади мечки. Ги предупредуваме граѓаните да го избегнуват движењето на местото на несреќата како и непосредната околина или да бидат исклучително внимателни бидејки се очекува мајката да го бара своето младенче. Рано наутро ќе патролираат екипи на Националниот парк Шар Планина.
Овој случај отвора многу прашања околу непрецизно дефинираните и испреплетени надлежности на институциите бидејки по несреќата ја разгледувавме можноста повредената мечка да биде успиена со опојно средство а потоа преместена и згрижена на соодветно место, како на пример ЗОО Скопје, каде би и се пружила медицинска нега. Притоа до израз дојдоа повеќе формално-правни и функционални недостатоци