Повеќе од две третини од членовите на Претставничкиот дом денеска гласаа за исфрлање на републиканскиот конгресмен Џорџ Сантос од долниот дом на американскиот Конгрес.
Сантос се соочува со кривични пријави поврзани со финансирање на кампањата и претходно призна дека измислил голем дел од неговата биографија.
Истрагата на Конгресот откри дека тој потрошил пари од кампањата на ботокс, луксузна облека и „OnlyFans“, онлајн платформа позната по својата еротска содржина.
Сантос се изјасни за невин и одби да поднесе оставка како конгресмен, а неговото судење е закажано за 9 септември 2024 година.
-Ова е малтретирање. Сето тоа е театар – изјави претходно Сантос, коментирајќи ја постапката против него.