Корисниците на права од областа на социјалната заштита во Србија денеска ќе добијат еднократна парична помош во износ од 10.000 динари, а истата вредносна помош од 85 евра ќе ја добијат и средношколците до крајот на следната недела, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што соопшти Министерството за труд, вработување, бранители и социјална помош, оваа помош ќе ја добијат сите кои го оствариле правото на парична социјална помош, односно носителите на правата и членовите на семејството, како и оние кои го оствариле правото на додаток за помош и нега на друго лице и посебен паричен надоместок.
Владата на Србија одобри еднократна парична помош и за учениците од средните училишта во јавна и приватна сопственост кои се државјани на Србија во износ од 10.000 динари.
Парите за оваа помош обезбедени од републичкиот буџет, а министерството за семејна грижа и демографија ќе го префрли на локалните самоуправи кои исплатата ќе ја вршат на нивните територии.