Столтенберг му порача на Ердоган дека е време на Шведска да и дозволи да стане членка на алијансата

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека му рекол на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека е дојдено време Шведска да стане членка на воената алијанса.

Столтенберг рече дека на маргините на климатскиот самит COP28 во Дубаи, го повикал Ердоган да ја одобри кандидатурата на Шведска за влез во НАТО.

„Утрово се сретнав со претседателот Ердоган и ја повторив мојата порака дека е дојдено време да се финализира пристапниот процес на Шведска“, рече тој.

Столтенберг не кажа кога очекува да заврши процесот на ратификација.

„Не можам да кажам точен датум, но го поздравувам фактот што претседателот Ердоган пред само неколку недели ги достави документите на ратификација до турскиот парламент“ – рече лидерот на НАТО.

Турција и Унгарија се единствените земји од НАТО кои сè уште официјално не ја одобриле кандидатурата на Шведска за прием.

Треба да знаете
Последни објави