11 видови на храна кои најмногу се фалсификуваат

Кога станува збор за вкусовите кои ја дефинираат светската кујна, не е сè како што изгледа. Од ванила во вашиот омилен десерт до Васаби на суши – вистинските состојки често се премногу ретки или премногу скапи за да ја задоволат глобалната побарувачка. Затоа компаниите смислија начин да заработат пари нудејќи поевтини алтернативи додека сте убедени дека ја купувате вистинската работа.

Бизнис инсајдер наведе 11 видови храна и прехранбени производи кои најмногу се фалсификуваат на светскиот пазар.

Тартуфи
Она што се продава во продавниците како масло од тартуфи, генерално, нема многу врска со овие видови печурки. Покрај тоа, таквите масла често се прават во лаборатории. Вистинските тартуфи се ретки и екстремно скапи, па не е изненадување што често се мета на фалсификаторите.

Маслото од тартуфи обично е мешавина од сончогледово и маслиново масло кое е ароматизирано со синтетичко соединение добиено од нафта наречено 2,4 дитиапентан. Единствениот начин да бидете сигурни дека јадете тартуфи е да видите некој како ја трие ароматичната грутка директно на вашата чинија.

Јаворов сируп
Дури половина од јаворовиот сируп на светскиот пазар е лажен. Да се ​​направи вистински јаворов сируп не е лесно – потребни се околу 45 литри јаворов сок за да се добие еден литар сируп. Она што изгледа како јаворов сируп, но се продава како сируп за палачинки, всушност е мешавина од сируп од пченка, карамела и ароми.

Вистинскиот јаворов сируп може да се препознае по неговата боја и текстура – има потенка конзистентност и поматен изглед од вештачките мешавини. Прочитајте ја и декларацијата – вистинскиот јаворов сируп најмногу доаѓа од Канада.

Васаби
Повеќето Васаби што се продаваат надвор од Јапонија се лажни – обично мешавина од рен, пченкарен скроб и засладувач. Реалното Васаби е 30 пати поскапо од она што се продава во супермаркетите и специјализираните продавници. Не е толк лут како што мислите. Ако грлото ви гори од пикантност, поверојатно е дека јадете производ на база на рен.

Васаби е исклучително редок во Јапонија, а расте во близина на планински извори. Ова коренско растение сака благи температури, сенка и почва со чакал, услови кои тешко се повторуваат во други делови на светот.

Пармезан
За сирењето да биде пармезан, мора да дојде од Парма во Италија, односно од регионот Емилија Ромања. Само 300 млекарници во областа се сертифицирани да произведуваат автентично Parmigiano-Reggiano. Во млекото се додаваат посебни бактерии кои му даваат препознатлив вкус на сирењето, а тоа мора да се одлежи најмалку една година.

Ванила
Ванилата е сеприсутен зачин без кој е невозможно да се замислат слатки производи на светскиот пазар. Тоа е миризливо сушено овошје на јадлива орхидеја одгледувано во тропски региони, кое се карактеризира со тенка, темно-кафеава мешунка.

За да се одгледува, собира и обработува, не се користат хемикалии или специјални уреди – се собира само со рака. Токму затоа е екстремно скап – само еден процент од производите на светскиот пазар се направени со автентична ванила. Остатокот содржи синтетичка замена за ванила која е создадена за да се намали цената на производот.

Кавијар
Кавијарот се прави од солени јајца од риба или икра од есетра од белуга. Станува збор за исклучително редок, нежен и скап производ кој може да достигне цена од 20 илјади евра за килограм, поради што е честа мета на фалсификаторите. Наместо јајца од риба белуга, фалсификаторите често користат икра од послаб квалитет. Само најискусните познавачи можат да направат разлика помеѓу вистински производ и лажен.

Meд
Третина од медот на светскиот пазар е лажен. Побарувачката за оваа храна е многу поголема од она што пчелите можат да го произведат, па затоа е мета на фалсификаторите.

За да се зголеми волуменот, вистинскиот мед често се меша со сируп од пченка, ориз и шеќер од трска и слични производи. На овој начин се уништуваат хранливите и здравствените квалитети на вистинскиот мед и тој се претвора во евтин шеќер. Ако сакате да јадете вистински мед, купете го од доверливи извори и од локални производители.

Екстра девственото маслиново масло
Екстра девственото маслиново масло е цел на измами со храна уште од времето на антички Рим. Криминалците продаваа инфериорно маслиново масло или мешавини од масло под етикетата на екстра девственото маслиново масло, и тоа продолжува до ден-денес.

Вагју говедско месо
Вагју е збор за јапонски говеда и се однесува на четири раси: Куроге, Акаге, Мукаку и Нихон Танкаку. Во Јапонија постојат строги прописи кои го регулираат одгледувањето и преработката на овие животни, се со цел да се постигне исклучително меко и вкусно месо. Се извезуваат само мали количини.

Шафран
Шафранот е најскапиот зачин во светот, кој се добива од конецот на неговиот цвет. На земјоделците им требаат две години за одгледување цвеќе и берба, а сечењето и сортирањето се врши рачно. За да се добие еден килограм шафран потребни се околу 150.000 цветови, па не чуди што овој зачин доаѓа со вртоглава цена, поради што често се фалсификува. Измамниците се обидуваат да го имитираат производот со црвено обоено сено, коњски влакна, кокосови нишки и корени од разни растенија.

Кафе
Дури и кафето што се пие на светскиот пазар не е секогаш направено од 100 проценти кафе. Меленото кафе се меша со сецкани желади, јачмен и пченица. Во минатото беше познато да се меша со сè кафеаво – од струготини до изгорена пченка, се со цел да се зголеми обемот на производот кој инаку може да биде прилично скап.

Треба да знаете
Последни објави