Ковачевски: СДСМ е кола којашто вози до Вашингтон и Брисел

СДСМ е кола којашто вози во Вашингтон и Брисел, од друга страна кај ДПМНЕ што имате, имате кола направена од стиропор која што никој не би ја купил, рече денеска премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање. 

-Ако погледнете во годините наназад ние ветивме интеграција на државата во НАТО, испорачавме. Споредете го тоа со една кола која што ја гледате. Тоа е кола која што ве вози во Вашингтон каде што се депонирани потписите за членството во НАТО. Тоа е кола која што обезбеди почнување на преговорите со ЕУ, ве води во Брисел. Тоа е кола која што овозможи над 600 евра просечна плата во државата. Која овозможи 50% зголемување на минималната пензија. 50% зголемување на просечната пензија, намалување на невработеноста од 24% на 13% и дополнително 2% во текот на идната година. Највисоки капитални инвестиции во историјата на државата. Ние за 2 години 2022 и 2023 ќе имаме една милијарда капитални инвестиции реализирани. Тоа е кола која што го реализира Коридорот 8 и впрочем тоа е кола која што вреди да се има. Од друга страна што имате, имате кола направена од стиропор која што никој не би ја купил, рече Ковачевски.

Треба да знаете
Последни објави