Денеска (02.12.2023) во с.Радиовце, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово – Полициско одделение Жеровјане ги лишиле од слобода Л.Р.(26) од с.Синичане, тетовско, Ј.С.(20) од с.Селце, тетовско и Л.С.(19) од с.Селце Кеч, тетовско. Тие биле затекнати при извршување „тешка кражба” во товано возило, при што одзеле повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.