Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа тимот на Гранада со 2:0 во 15. коло од шпанската Примера.
Избраниците на Карло Анчелоти од самиот почеток ја презедоа иницијативата, а улогата на фаворити ја оправдаа веќе во 26. минута.
Брахим Дијаз максимално го искористи одличното додавање на Крос и го совлада Фереира.
Во финишот на првиот дел се закани на Хоселу, на почетокот на вториот дел и Белингем, по чии удари Родриго ја затресе мрежата на Гранада и го удвои водството на „кралскиот клуб“ во 57. минута.
Добра шанса имаше и Валверде, чиј удар Фереира успеа да го одбрани, а после тоа немаше промена во резултатот.
Реал со овој триумф се врати на челната позиција со 38 бодови колку што има и Џирона, додека Гранада е претпоследна со седум поени.