Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе ја посети фабриката „АТС АММО“ во Македонски Брод.
Како што соопшти владината прес-служба, Ковачевски ќе биде придружуван од вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерката за одбрана Славјанка Петровска.