Државјанин на Турција, вчера во Полициската станица Центар пријавил дека бил измамен од женско лице од Скопје, откако на социјалната мрежа Фејсбук видел дека се изнајмува стан, стапил во контакт и договорил средба.
Како што е наведено во соопштението на МВР; на средбата тие се договориле да го изнајми станот, по што и дал 200 евра и земал клуч од станот, но не отишле да го видат затоа што наводно имало станари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението на МВР.