Израелската војска информира дека открила повеќе од 800 влезови за во тунелите на Хамас од почетокот на копнената операција на палестинската територија. Според наводите уништени се повеќе од 500, со поставување на големи количини експлозив или пак се запечатени.
Израелските одбранбени сили наведуваат дека многу од тунелите поврзувале „стратешкиот имот на Хамас“. Покрај влезовите уништени се и стотина колометри од подземните тунели, додваа израелската војска. Влезовите за во тунелите биле лоцирани во цивилни подрачја и тоа покрај образовни институции, градинки, џамии, детски игралишта…
Во неки од тунелите е пронајдено оружје кое му припаѓало на Хамас. Ова за ИДФ е уште еден доказ дека цивилното население се користело како жив штит и за задскривање на терористичките активности.