Поранешниот американски потпретседател Ал Гор го критикуваше домаќинот на климатскиот самит COP 28, велејќи дека ја злоупотребил својата улога во преговорите за ублажување на глобалното затоплување.
Тој изрази сомневање дека султанот Ал-Џабер, шефот на националната нафтена компанија на Обединетите Арапски Емирати, кои се домаќини на самитот, може да биде соодветен посредник во постигнувањето договор за климата. Скептицизам е присутен и кај некои други учесници на самитот.
Како што изјави Гор, се злоупотребува довербата на јавноста, поточно со поставување на извршен директор на една од најголемите и најодговорни нафтени компании во светот.
На самитот во Дубаи тој истакна дека емисиите на стакленички гасови во ОАЕ минатата година биле за 7,5 отсто повисоки од претходната година. Тој раст на глобално ниво во споменатиот период изнесува 1,5 отсто, пренесуваат агенциите.
Султанот Ал Џабер на самитот за климата изјави дека прекинот на употребата на јаглен, нафта и гас ќе значи враќање на светот во пештерите.