Неколку лица се повредени во престрелката што се случила рано утрово на југот од Србија, во Врање, пренесуваат медиумите од соседството. Околу 5.20 часот во централното градско подрачје дошло до тепачка при што три лица се повредени од огнено оружје. Според информации од Вишото јавно обвинителство, во тепачката учествувале шест лица, а тројца се полесно повредени од огнено оружје.
Во Здравствениот дом во Врање укажана е помош на четири лица повредени во пукотницата. Информација за медиумите ја потврдила д-р Наташа Стојиљковиќ, менаџерката на болницата. Според неа, четворица мажи се доведени на лекар, а еден е пуштен на домашно лекување. Двајца се со повреди од куршуми.