Натпреварот од 13. коло од грчката Суперлига помеѓу Волос и Олимпијакос беше прекинат во петтата минута од судиското надополнување, бидејќи навивачите на гостите фрлаа солзавец на теренот.
Натпреварот беше прекинат на 2:2. Главниот судија на натпреварот Анастасиос Папапетроу го продолжи натпреварот за осум минути, но реши да ги испрати играчите на двата тима во соблекувалната откако почнаа нереди на трибините.
Папапетроу во 18. минута го исклучи гостинскиот фудбалер Панајотис Рекос, а досуди пенал за домашните. Пеналот не го искористи Пајанотис Мораитис, кој неговиот удар го спречи голманот на Олимпијакос. Топката се одби до Мораитис, кој сепак ја погоди мрежата на гостите.
Олимпијакос израмни од пенал во 44. минута со голот на Ајуб Ел Каби, а домашните играчи останаа со играч помалку, бидејќи Јоргос Мигас беше исклучен во 12. минута од судиското надополнување во првото полувреме.
Волос поведе со 2:1 од пенал во 51. минута со голот на Хуан Гарсија, а Олимпијакос израмни три минути подоцна со автоголот на Алексис Калогеропулос. На играчот на Олимпијакос, Јоргос Масурас, му беше поништен гол поради офсајд во 61. минута.
Ел Каби постигна гол за Олимпијакос во 90. минута, но овој гол беше поништен поради офсајд по една интервенција од ВАР.
Навивачите на Олимпијакос потоа предизвикаа нереди на трибините и фрлија солзавец на теренот, а судијата одлучи да го прекине натпреварот. Натпреварот се одигра на стадионот „Пантесалико“ во Волос пред околу 22.000 навивачи.