Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека очекува групацијата Стелантис во Крагуевац да го произведе електричниот автомобил Фиат панда.
Откако Стелантис ја презеде фабриката и откако беше прекинато производството на Fiat 500 L се зборуваше дека Крагуевац ќе биде дом на новиот модел на електричната панда.
Ова го објавија италијанските медиуми на крајот на ноември, а ова е првпат официјален претставник да ја потврди истата информација.
Вучиќ по средбата со италијанскиот премиер Ѓорѓе Мелони изјави дека производството на електричната „панда“ ќе ја зголеми трговската размена меѓу Италија и Србија. Тој не прецизираше кога ќе започне производството на новиот модел.
Сегашната генерација на Фиат панда се произведува во близина на Неапол, Италија, а новиот модел се очекува кон средината на 2024 година.
Групацијата Стелантис е создадена во 2021 година со спојување на француската ПСА и Фиат Крајслер. Светските агенции потсетуваат дека српските власти склучиле договор вреден 190 милиони евра со групацијата за производство на електрични возила во Крагуевац.