Лука Дончиќ завчера стана татко, откако неговата свршеница Ана Марија на свет ја донесе ќерката Габриела, поради што Словенецот доби еден ден одмор, но ноќеска се врати на паркетот и одигра – маестрално. Ова не беше доволно неговиот Далас да ја добие пресметката со Оклахома сити (120:126). Словенецот заврши со трипл-дабл, 36 поени,15 скокови и 18 асистенци.
Одлична партија имаше и Србионот Никола Јокиќ за актуелниот шампион Денвер кој беше поразен од Сакраменто (117:123). Јокиќ постигна 36 поени, 14 асистенци и 13 скокови. Со овој скор Јокиќ урна рекорд стар 40 години, во два последователни меча имаше трипл-дабл со повеќе од 30 постигнати поени и без загубена топка.
Резултати: Бруклин – Орландо 129:101, Детроит – Кливленд 101:110, Чикаго – Њу Орлеанс 124:118, Мајами – Индијана 129:144, Милвоки – Атланта 132:121, Далас – Оклахома сити 120:126, Феникс – Мемфис 116:109, Јута – Портланд 118:113, Сакраменто – Денвер 123:117, ЛА Лејкерс – Хјустон 107:97.