Најдобриот македонски атлетски маратонец Дарио Ивановски постави нов државен рекорд на маратонот што се одржа во шпанската Валенсија.
Патеката од 42,2 километра тој ја истрча за време од 2 часа, 11 минути и 53 секунди што е за над шест минути подобро од претходниот рекорд кој го постави во Копенхаген на 15 мај 2022 година и изнесуваше 2 часа, 18 минути и 12 секунди.
Ивановски го освои 50. место на маратонот во Валенсија, а победник е етиопскиот натпреварувач Сисај Лема.