Јавното обвинителство соопшти дека побара од Кривичниот суд притвор за три од петте лица, кои полицијата, како што вчера соопшти министерот Оливер Спасовски, ги приведе во врска со исчезнувањето на девојчето Вања Ѓорчевска.
Од обинителството соопштија дека по целодневно собирање на докази, е побарано за трите лица да се изрече 48 часовен притвор за да се обезбеди нивно присуство во понатамошната постапка.
-За тројца од петтемина приведени во текот на вчерашниот ден, јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување 48-часовен притвор со цел да биде обезбедено нивното присуство до целосно расчистување на настанот. Јавното обвинителство и МВР ќе ја информираат јавноста веднаш штом се создадат услови кои нема да ја нарушат постапката. Сите шпекулации кои имаат за цел да ја компромитираат истрагата во овој момент ќе бидат најостро санкционирани, наведува ЈО во соопштението.
Инаку, во текот на вчерашниот ден полицијата приведе пет лица, а заплени и возило кое се вештачи.