Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден денеска испрати итно предупредување до Конгресот за потребата од одобрување на воена и економска помош за Украина во вредност од десетици милијарди долари, наведувајќи дека, во спротивно, одбраната на Украина од Русија може да биде запрена.
Во писмото упатено до лидерите на Претставничкиот дом и Сенатот, кое исто така беше јавно објавено, директорката на Канцеларијата за управување и буџет Шаланда Јанг предупреди дека САД ќе останат без средства за испраќање оружје и помош за Украина до крајот на годината.
Јанг изјави дека на САД веќе им снема средства за поддршка на украинската економија.