За време на ноќешните рации на израелските сили во градовите Калкилија, Ерихон, Џенин и Тулкарем, во Западниот Брег, уапсени се најмалку 60 Палестинци, јави Ал Џезира.
Најмалку 30 оклопни возила, наводно, биле распоредени во Џенин по рацијата во зори, јави телевизијата.
Повикувајќи се на палестинската новинска агенција Вафа, телевизијата објави дека израелски снајперисти биле распоредени на покривите на куќите и другите згради и дека над нив летал извидувачки авион.
Агенцијата објави снимка на платформата Х на која се гледа како се крева чад во Џенин, откако израелските војници биле нападнати со „експлозивни направи“, јави Гардијан.
Од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас, на 7 октомври, на Западниот Брег ескалираа тензиите, а во овој период израелските сили и еврејските доселеници убиле повеќе од 200 Палестинци.