Во одговор на новинарско прашање, министерот за правда, Кренар Лога истакна дека и тој, како и сите граѓани на оваа држава е гневен по монструозното убиство на малата Вања Ѓорчевска.
„Уставот ја забранува смртната казна а исто така ние имаме усвоено и протоколи и други конвенции каде се забранува смртната казна. Јас сум меѓу тие граѓани во оваа држава кои мислат дека смртната казна би била спас за тие монструми и сум на таа страна тие да ја доживуваат до крајот на својот живот во нивната свест за тоа што имаат направено и секој ден да ја доживуваат се потешко за овој настан. Доживотна казна затвор е најмала казна што треба да ја изречат нашите институции“ порача Лога, додавајќи дека тој има доверба во институциите и дека на крајот ќе им биде изречена заслужената казна на како што тој вели монструмите