Попладнево Александар Ѓорчевски, таткото на свирепо убиената 14 годишната Вања која беше грабната за изнуда на пари беше донесен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.
Додека камерите го снимаа неговиот влез во судот, Александар Ѓорчевски ненајдено им прати „лајк“ на снимателите.
Обвинителството бара притвор за таткото на Вања, бидејќи смета дека бил соучесник со тоа што им споделил информации на осомничените кои го извршија грабнувањето и убиството, кога неговата ќерка ќе тргне кон училиште.
За убиството на Вања, првоосомничен е Љупчо Палевски кој се наоѓа во бегство а за кој попладнево беше распишана меѓународна потерница.