Син ми кој има 14 години ме прашува дали сум безбеден и дали би можел да излегувам низ градот повторно?
Можеш сине, јас никогаш нема да те продадам, издадам, никогаш нема да те ставам во ниту една ситуација во која би била загрозена твојата безбедност и твојот живот. Најпрвин би го дал својот живот за сите мои деца одколку да ги ставам во било каков ризик своите најблиски напиша Цаноски.
Перидоов на 2023 година до ден денес е најубавиот период и најбезбеден за Скопје. Знам дека има специјална единица односно тигрите кои ги исчистија сите бандити. Ги расчистија сите оние кои правеа проблеми, дилаа, се закануваа, рекетираа по ноќните клубови и дискотеките.
Знам дека истите се исфрлувани од страна на полицијата.
Знам и 100% сум сигурен дека се под супервизија сите школи.
Дека не смее дилер да се појави ни во близина.
Знам и 100% сум сигурен дека ноќниот живот, школите и јавната безбедност никогаш не биле по безбедни.
Многу е тежок овој ден и вчерашниот поради загубата на Вања.
Жално и тажно е што татко продал свое дете на монструми и психопати. Впрочем тој истиот е поголем од нив.
Ова е дефинитивно изолиран случај и јас како родител немам намера да им забранувам на моите деца да бидат слободни во својата слободна татковина.
Нека се здрави и живи сите деца.
Уште еднаш сочувство за загубата на нашата Вања. Нека биде отворен патот до нејзиниот рај. Искрено посакувам ова никогаш повеќе да не се повтори. За сите граѓани, животот нема цена!