Обвинителството ќе бара притвор за татко и на Вања бидејќи смета дека им кажал на напаѓачите кога неговата ќерка ќе биде сама на патот кон училиште. Неговите информации ги искористиле останатите четворица осомничени кои во понеделникот, рано наутро ја грабнале Вања уште пред да излезе од влезот на зградата
Мотивот наводно била информација дека мајка и на Вања продала стан и дека детето може да биде искористено за од неа да се изнудат пари. Вања е однесена во атарот на селото Бразда, каде и била убиена околу 2 часа по киднапирањето. Зошто го убиле детето ако планирале да го користат за изнуда органите на прогонот немаат логично објаснување.
Останува нејасно, како убијците ги фатила паника пред 11 наутро ако се знае дека мајка и на Вања на социјалните мрежи побара помош нешто по 12 часот.
Многу нелогичности има и во убиството на 76 годишниот Панче од Велес. Обвинителството тврди дека тој е колатерална жртва
Панче бил убиен на 22 ноември истиот ден кога е пријавен за исчезнат. Останува нејасно како полицијата 5 дена трагала по него а воопшто не проверила каде е неговиот автомобил. Министерот Спасовски вели дека не добиле пријава дека го нема неговиот Цитроен кој незабележан од никого возел од Велес до Скопје и со него било киднапирано дете во најстрогиот центар на градот.
Она што е официјална инфорамција е дека во моментов 3 лица се во притвор и дека сите тројца го признале делото, а на полицијата и кажале каде се наоѓаат телата и како биле извршени убиствата. Сите тројца рекле дека Љупчо Палески кој во моментов е во бегство со истрели од огнено оружје ги убил и двете лица. Од МВР велат дека тој не е во Македонија но дека имаат трага
И МВР и обвинителството признаваат дека сите информации кои ги имаат до овој момент се добиени од исказите на оние кои се веќе приведени а за голем дел од тие наводи, успеале да соберат и материјални докази.