Кошаркарот на Реал Мадрид, Факундо Кампацо, е прогласен денеска за најкорисен играч (МВП) во Евролигата во ноември. Реал Мадрид минатиот месец имаше ефект од пет победи и само еден пораз, а Кампацо беше меѓу најзаслужните за тоа.
Кампацо имаше просечен индекс на корисност од 23.5, беше лидер со 8.3 асистенции, како и седми најдобар стрелец со 16 постигнати поени во просек по натпревар.
Минатиот месец Кампацо го заврши со процент од 82.1 отсто од шут за два поени, додека од линијата за слободни фрлања имаше стопроцентен ефект.
За Кампацо ова е второ признание играч на месецот во Евролигата, кое прв пат му припадна во април 2019 година.