Основниот Кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи притвор од 48 часа на три лица кои беа спроведени во суд, а се осомничени за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, потврдија од судот за МИА.
Притворот им е определен поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и сторување ново кривично дело. Тројцата ноќеска се спроведени во Истражниот затвор во Шутка.
За таткото на Вања засега нема изречено мерка за обезбедување на присуство во текот на истрагата, а по едно лице се трага.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски денеска во 09:30 часот ќе одржат прес-конференција на која ќе информираат за убиството на 14-годишнината Вања Ѓорчевска.