Осомничениот за убиството на Вања е избеган од Македонија заедно со неговиот адвокат, изјави денеска на прес конференција министерот Оливер Спасовски.
Лицето е заминато со возило заедно со неговиот адвокат и заминато во Белград. Од таму заминува во Бугарија следниот ден и панатаму ќе ги утврдиме сите аспекти – додаде Спасовски.
Како што рече тој претходно, главниот организатор и извршител, според досегашните утврдени докази, некаде околу 10 часот ја усмртил исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата на веќе започната истрага по првата пријава за исчезнувањето на девојчето.
– Ќе сторам сѐ и јас и институцијата, ова лице, овој монструм, на кого му ја следиме трагата час поскоро штом стапне на наше тло да биде изведен пред лицето на правдата – порача Спасовски.
На новинарско прашање ддали некој му дојавил на осомничениот да избега Спаосвски рече:
– Не може да има дојава зашто излегувањето е пред да ги утврдиме овие факти и пред приведувањето на петте лица и пред претресите и обезбедувањето докази. Таа информација никој ја немал претходно за да може да му дојави – рече Спасовски.
Според обвинителот Гаврил Бубевски, таткото не може да се осомничи за убиството.