СДСМ изрази сочувство до семејството на Вања и даде поддршка за работата на МВР

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Сите сме во тага и голема болка, целото општество и сите наши граѓани тагуваат по загубата на 14 годишната Вања.


СДСМ изразува сочувство до семејството, до сите роднини, пријатели, соученици.


Надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство работеа интензивно, целосно го расветлија случајот, ги пронајдоа сторителите на ова грозоморно злосторство и тоа е за поздравување.


Во рамки на своите законски надлежности МВР и Јавното обвинителство навреме преземаа соодветни активности, покажаа посветеност и професионалност на високо ниво.      


Очекуваме во најкраток можен рок сите сторители и инволвирани да бидат изведени пред лицето на правдата и да понесат одговорност за злосторството кое го потресе целото наше општество.

Треба да знаете
Последни објави