Температурите во делови од Сибир се спуштија до минус 50 степени Целзиусови, додека снежните виулици ја зафатија Москва со рекордни снежни врнежи, а многу летови доцнат или се одложени.
Најмалку 54 летови се одложени, а уште пет се откажани на трите најголеми аеродроми во главниот град, јави руска новинска агенцијаВо Република Јакутија (Саха), лоцирана во североисточниот дел на Сибир и во која се наоѓа Јакутск, еден од најстудените градови во светот, температурите паднаа под минус 50 степени Целзиусови, покажаа метеоролошките станици во регионот.