Шведската компанија за аудио стриминг „Спотифај“ (Spotify) денеска соопшти дека ќе отпушти 17 отсто од својата работна сила ширум светот за да ги намали трошоците и да се фокусира на враќање на профитот. Извршниот директор Даниел Ек, рече дека околу 1.500 луѓе ќе останат без работа од вкупно 9.241 вработен ширум светот.
Ова е третпат Spotify да отпушти вработени и покрај зголемувањето на цените за својата услуга за претплата Premium. Во јануари 600 луѓе останаа без работа, додека во јули уште 200 беа отпуштени од одделот Podcast. Компанија забележа нето загуба од 462 милиони евра во првите девет месеци од годинава.
Ек рече дека се разговарало за помали намалувања за 2024 и 2025 година, но разликата помеѓу финансиските цели и тековните оперативни трошоци сепак резултирала со оваа одлука.
Бројот на вработени во Spotify е „значително зголемен“ во 2020 и 2021 година, односно е речиси двојно зголемен за да се подобри содржината, маркетингот и „новите вертикали“. После тоа, 2022 и 2023 година беа попродуктивни, но Spotify не стана поефикасен, а Ек и компанијата беа принудени да преземат драстични мерки.
Секој отпуштен вработен ќе добие отпремнина во висина од приближно пет месечни плати. Во тој период ќе се обезбедува здравствена заштита, а секој ќе може да најде нова работа по два месеци.